Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниту еден ученик не се заразил во училиште, покажување со прст на ученик не носи добро никому, вели Царовска

0
By НОВА ТВ Balaban on September 3, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 3, 2021 13:24

Во моментов, со физичко присуство, настава посетуваат над 233.000 ученици во државата. Посакувам тој процент на заразени да остане во периодот кој следи, истакна Царовска. Директорката на ОУ „Ацо Шопов“, Лепа Дохчева, рече дека од 870 ученици само 10 се пријавиле да следат настава онлајн, која е веќе започната.

Ниту еден ученик не се заразил во училиште и нема интерна трансмисија, изјави денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска, при  посетата на ОУ „Ацо Шопов“ во Радишани, општина Бутел.

Таа не одговори за кои училишта со позитивни случаи станува збор и нагласи дека епидемиолошките служби се на терен и постапуваат.

– Битно за јавноста е да знае дека во изминатиот ден имавме 14 позитивни случаи. Тоа е само 0,01 процент од вкупниот број ученици. Кои училишта, кои деца или кои наставници, знаат надлежните служби. Покажување со прст на ученик или школо, нема да донесе добро никому. Во моментов, со физичко присуство, настава посетуваат над 233.000 ученици во државата. Посакувам тој процент на заразени да остане во периодот кој следи, истакна Царовска, која потенцира дека единствениот и најдобар пристап кој може да го примениме во оваа пандемија е физичко присуство со почитување на протоколите.

Царовска додаде дека министерството, општините и училиштата се подготвени за промена на моделот во секој момент ако тоа биде потребно.

Министерката посочи дека главната цел за нејзината посета на училиште „Ацо Шопов“ и била за да види како се спроведува новата наставна програма за учениците од прво до четврто одделение.

– Навистина ми е драго што можев да го посетам ова училиште во Општина Бутел и да видам дека наставата се спроведува според сите протоколи. Но, главната цел беше дискусија со наставниците и учениците од прво и четврто одделение дали оди добро имплементацијата на новите наставни програми, како оди употребата на дигиталните учебници и дигиталните табли. Морам да кажам дека имаше задоволство и кај наставниците, а уште повеќе кај учениците. Во сите училници, учебниците беа поставени на дигиталните табли, изјави Царовска.

Таа апелираше наставниците и учениците да се придржуваат до протоколите оти само на тој начин може да се одржи наставата со физичко присуство.

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, истакна дека условите за работа на учениците и на наставниците се според сите стандарди.

– Имаше многу инвестиции минатите години во училиштето „Ацо Шопов“ поддржани од Министерството за образование и наука и општина Бутел. Се за добро на учениците. Едно е од ретките училишта кое е целосно енергетски подновено. Условите за работа, како за учениците, така и за наставниците, е со целосни стандарди. И не само училиштата на територија на општина Бутел, туку и низ цела држава, се подготвени за настава со физичко присуство, изјави Смилевски.

Директорката на ОУ „Ацо Шопов“, Лепа Дохчева, рече дека од 870 ученици само 10 се пријавиле да следат настава онлајн, која е веќе започната.

– Горда сум што министерката се одлучи да го посети нашето училиште и да види дека сме подготвени за настава. Без разлика дали тоа е сега во услови на пандемија, ние училиштето го имаме опремено веќе неколку години. Во овој период со финансии од Министерството за образование и наука и општината се инвестира во подобрување на условите во фискултурната сала, во училишната кујна и тоалетите, вели Дохчева.

Таа им посака успешна година на сите ученици и повика да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Мила Царовска не се заразил ОУ „Ацо Шопов“ ученик училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.