Конвој автобуси тргна од Мариупол за Запорожје во напорите предводени од Обединетите нации и Црвениот крст, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на воената управа на регионот Доњецк. Конвојот ќе застане во Токмак, Василивка и Луначарске за да собере повеќе цивили на патот, рече тој.

Приватни возила ќе можат да се приклучат на конвојот од Томак, додаде Кириленко.

Тој не прецизираше дали евакуираните биле засолнети во фабриката за челик Азовстал, каде што последните бранители на Мариупол се држат против руското бомбардирање.

Повеќе од 127 луѓе пристигнаа во Запорожје од фабриката за челик во вторникот. Тимот на Си-Ен-Ен во Запорожје беше сведок на пристигнати пет автобуси со евакуирани а емотивни беа сцените додека луѓето излегуваа од автобусите и беа пречекани од волонтери.