Женската репрезентација на Македонија доживеа нов тежок пораз на Европско првенство за ракометарки до 19 години во Словенија. Подобри од нашите јуниорки беа врсничките од Русија кои славеа со 42:15 (полувреме 20:9).
Русинките беа подобар ривал во текот на целиот натпревар за што доволна илустрација е конечниот резултат. Гичевска повторно беше најефикасна македонска ракометарка со шест гола колку што постигна и Скоробогаченко за победничката селекција.
Ова е втор пораз на Македонија на турнирот во Словенија по воведниот од Хрватска со 14:35. До крајот на прелиминарната групна фаза на ЕП останува уште мечот со Норвешка (недела, 19 ч.) по што ќе следува разигрување за пласман на шампионатот.
Женско ЕП во ракомет (У19) – Словенија 2017
Група А, 2 коло
Холандија – Унгарија 26:34
Романија – Шведска 26:23
Табела: Унгарија 4, Романија 2, Холандија 2, Шведска 0.
Група Б, 2 коло
Македонија – Русија 15:42
Норвешка – Хрватска 25:20
Табела: Русија 4, Хрватска 2, Норвешка 2, Македонија 0.
Група Ц, 2 коло
Србија – Шпанија 18:34
Германија – Франциа 23:24
Табела: Франција 4, Шпанија 2, Германија 2, Србија 0.
Група Д, 2 коло
Црна Гора – Данска 18:26
Португалија – Словенија 18:28
Табела: Данска 4, Словенија 2, Црна Гора 2, Португалија 0.