Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов пораз на Трамп – судот прогласи дека депортирањето на мигрантите во трети земји е нелегално

0
By Zoran Ivanov on February 26, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 26, 2026 10:48

Федерален судија денес ја прогласи за нелегална политиката што ја спроведува администрацијата на Трамп, депортирање на нелегални имигранти во трети земји со кои немаат никаква врска, пренесува Си-ен-ен.

Судијата Брајан Марфи од Бостон, сепак, го суспендираше спроведувањето на својата одлука за 15 дена, давајќи ѝ на владата време да поднесе жалба „со оглед на важноста и необичната историја на овој случај“.

Прашањето е дали владата може, без никакво предупредување, да депортира лице во трета земја или некаде каде што веројатно ќе претрпи тортура и прогон.

Истиот судија веќе привремено ги блокираше депортациите на азиските мигранти во Либија во март 2025 година. Во април, тој ја блокираше депортацијата на други странци во Јужен Судан, пресудувајќи дека прво треба да бидат информирани, а потоа да им се даде време да поднесат жалба до судовите, врз основа на Конвенцијата на Обединетите нации против тортура.

Овој пат, испитувајќи го прашањето длабински, судијата Мерфи заклучи дека новите упатства издадени во март 2025 година од страна на Министерството за внатрешна безбедност за прашањето на депортациите во трети земји се „незаконски“.

Според овие упатства, депортациите се одобруваат со единствени услови: од една страна, дотичната земја мора да обезбеди „гаранции“ дека депортираните лица нема да бидат подложени на тортура или прогон, а од друга страна, Стејт департментот мора да ги смета овие гаранции за „ веродостојни“, без да им даде на заинтересираните страни каква било можност за жалба.

Постојано, „владата ги прекршила или се обидела да ги прекрши одлуките на овој суд“, забележа судијата, повторувајќи ги протестите на другите колеги кои виделе дека администрацијата на Трамп ги игнорира нивните судски одлуки, особено по прашањето на имиграцијата. Тој дури зборуваше за „лаги“ од страна на владата во случајот на имигрант кој изразил страв од депортација во Мексико.

Засегнатото лице успешно добило судска наредба за забрана на неговата депортација во Гватемала, неговата земја на потекло, бидејќи таму „бил жртва на сексуално насилство“ . Администрацијата на Трамп „го фрлила во автобус во Мексико, каде што бил силуван и од каде што многу брзо бил испратен во Гватемала“, откри судијата.

 

Мигранти Суд Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

ВЕСТИ June 2, 2026

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени откако Русија започна голем напад врз…

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

May 31, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.