Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на североисточниот брег на Јапонија, но не е издадено предупредување за појава на цунами, соопшти Јапонска метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил во близина на префектурата Фукушима, на длабочина од 50 киломери. Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Јапонија се наоѓа на едно од сеизмичките најактивните подрачја во светот во кое се случуваат дури 20 проценти од светските земјотреси со интензитет над шест степени.

На 11 март во 2011 година земјотрес од девет степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на брегот на Јапонија. Земјотресот предизвика цунами пришто беа оштетени три реактори во нуклеарната централа „Фукушима 1“. Во земјотресот и цунамито загинаа 15.844 луѓе, 5.890 беа повредени, 3.451 лица во осумнаесет префектури се водат како исчезнати, а беа оштетени или уништени над 125.000 згради.