Грчкиот весник „Катимерини“ јавува дека од синоќа беснее пожар во шумски регион од областа Евританија, во централна Грција.

Според грчките власти, пожарот е од засега непознати причини и се проширил во тешко достапен терен на голема надморска височина.

Во гасењето на пожарот учествуваат и авиони.

Грчките медиуми предупредуваат за висок ризик од пожари во земјата и посебно во областите Атика, Беотија, Коринтија, Арголида и на островот Евбеја, како и во северниот дел на Егејско море, а меѓу нив и на островите Лезбос и Хиос.

Грчката цивилна заштита ги повика граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат на отворено да палат оган.