Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова афера ја тресе Словенија: Дали предизборните кампањи на Јанша ги финансираат Унгарија и Орбан?

0
By Sashko on December 7, 2021 РЕГИОН
Фото: total-slovenia-news.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражната комисија во рамки на словенечкиот парламент во вторник и во среда ќе сослуша неколку сведоци во обид да открие траги од финансирање на предизборните активности на СДС, партијата на актуелниот премиер, Јанез Јанша.

Според извештаи на медиумите во Словенија, комисијата ќе ги испита наводите за перење пари преку Нова кредитна банка Марибор (НКБМ), која беше преземена од унгарската ОТП групација на почетокот на јуни 2021 година.

Како што се наведува, истрагата за незаконско финансирање на СДС опфаќа и претходни периоди, поточно 2018 година кога во Словенија беа распишани предвремени парламентарни избори.

Комисијата, исто така, треба да испита неколку лица кои се инволвирани во работата на медиумските куќи под контрола на Јанез Јанша и неговата партија, а меѓу другите имиња кои се споменуваат во целата приказна се министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс, поранешниот генерален секретар Божо Предалиќ и пратеникот на СДС, Дејан Калох.

Словенија во април 2022 година ќе организира парламентарни избори, а медиумите наведуваат дека СДС може да има предност пред политичките ривали, токму поради неограничените финансиски средства кои доаѓаат од странство.

Документите покажуваат дека од 2017 до 2020 година, на сметки на фирми поврзани со физички лица од СДС, биле префрлени најмалку 12 милиони евра пари од унгарски физички и правни лица. Во овие 12 милиони евра не се вклучени средствата што фирми и поединци од Унгарија ги вложиле во капиталот на медиумите на СДС, пишува порталот нецензурирано.си.

Како што се наведува, парите на сметките поврзани со СДС почнале да доаѓаат во пролетта 2017 година, кога Јанез Јанша сè уште беше активен во опозицијата. Тоа е периодот кога Јанша го освои и осмиот мандат на чело на СДС, а за првпат на конгресот на партијата пристигна и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Медиумската куќа Нова24ТВ во тоа време официјално стана сопственик на три унгарски медиумски куќи од кругот на унгарскиот премиер Орбан и неговата партија Фидес. Се наведува дека „тоа е веќе периодот кога Јанша и Орбан направија близок политички сојуз“.

Пари од Унгарија дошле и подоцна, во 2019 година, на сметки на медиуми блиски до СДС и Јанша, а се наведува дека извршен директор на Нова24 ТВ во тој период бил актуелниот министер за внатрешни работи Алеш Хојс.

„Медиумот за само неколку недели доби две големи дознаки во износ од 268.700 евра. Во лоша деловна година компаниите добиле повеќе од еден милион евра унгарски пари на банкарски сметки“, пренесуваат словенечките медиуми.

Орбан во акција за спас на „мегафоните“ на Груевски

Виктор Орбан Јанез Јанша медиуми регион СДС Словенија Унгарија Финансисрање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.