Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова „бомба“: Мицкоски му помагал на Камчев за „Империја“

0
By Нова ТВ on June 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нова аудио снимка на каналот „Јутјуб“ под корисничко име „Рекет“. На снимката се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, осудениот Зоран Милевски-Кичеец и женски глас. Во разговорот, Мицкоски потврди дека бизнисмен му помогнал да ги покрие долговите на партијата, кој како што вели, му биле оставени од претходниците. Во вториот дел од разговорот тие разговаараат за Законот за јавното обвинителство и за предемтот „Империја“.

На снимката објавена денеска Мицкоски разговара со Зоран Милевски-Кичеец и со Слободанка Алексовска од ВМРО-ДПМНЕ. Тој им набројува дека партијата финансиски тонела во долгови и дека немала пари да плати сметки, но Камчев му подал рака и ги подмирил сите долгови. Знаејќи го Камчев тој никому не би платил ништо ако во тоа нема личен или бизнис интерес. Така било и овој пат затоа што во дел од содржината се слуша како Мицкоски им признава на соговорниците дека тој и ВМРО-ДПМНЕ застанале против Законот за Јавно обвинителство за да го спасат Камчев од делото „Империја“ отворено од СЈО против Камчев и уште неколкумина други бизнисмени кои вршеле финансиски проневери.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со разговорот што денеска беше пуштен во јавноста изјави дека станува збор за нелегално снимен разговор и оти од еден разговор се сечат, и монтираат парчиња по потреба на СДСМ и на претседателот на партијата, Зоран Заев.

„Тој е еден разговор. Се сечат и се монтираат парчиња по потреба на СДСМ и Зоран Заев и мислат дека ќе помогне нешто во нивната кампања, во намалување на дебаклот што им следи“, изјави Мицковски.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека ја исклучува можноста СДСМ да ги пушта во јавност разговорите што се појавија деновиве, а на кои се слуша гласот на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Претпоставував дека тоа го прави некој од присустните на состанокот на кој имало три лица, вели Заев.

Тој, како што кажа, очекува во полиција да бидат повикани и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, Орце Камчев осомниен во случајот „Империја“, според истите аршини како што го направиле со Ден Дончев.

аудио-снимки ВМРО-ДПМНЕ Орце Камчев разговор Случај „Империја“ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.