Министерството за труд и социјална политика, односно Државниот инспекторат за труд констатирал дека поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Владимир Панчевски, незаконски го прераспределил на друго работно место вработениот Горан Стаменковски.
Трудовата инспекција, по претставка на оштетениот и по извршени проверки во судот, констатирала дека одлуката што на 28 септември била донесена “не е во согласност со член 60 став 2 од Законот за судска служба, поради што му се укажува на работодавачот донесеното решение да го укине”.
По донесеното решение на Државниот инспекторат за труд се огласи и самиот Стаменковски. Имено, Станенковски со соопштение до медиумите најави кривична пријава за екс-претседателот Владимир Панчевски поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело: “злоупотреба на службени податоци”, од член 149 став 3 а во врска со став 1 од Кривичниот законик на РМ, а за кое што дело е запретена затцорска казна од три месеци до три години.