Формите на заштита на климата сочинуваат голем дел од коалицискиот договор. Трите партии поставиле цел постепено да се укине употребата на јаглен до 2030 година, а 80 отсто од енергијата да се произведува од обновливи извори до оваа година.

Олаф Шолц ќе ја предводи трипартиската коалиција, со широки планови за транзиција на Германија кон зелена економија. Таков договор постигнаа социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи, со што, конечно, ќе заврши 16-годишното владеење на Ангела Меркел, јавува Би-Би-Си.

Договорот на трите партии е постигнат речиси два месеца откако социјалдемократите победија на сојузните избори.

Формите на заштита на климата сочинуваат голем дел од коалицискиот договор. Трите партии поставиле цел постепено да се укине употребата на јаглен до 2030 година, а 80 отсто од енергијата да се произведува од обновливи извори до оваа година.

Се планира и легализирање на продажбата на канабис во лиценцирани продавници, со контрола на квалитетот и на дистрибуцијата на дрогата.

Германија е најголемата европска економија, потсетува Би-Би-Си, а поради тоа  одлуките на новата влада ќе имаат големо влијание врз нејзините соседи.