Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова војна во Косово не е можна, Србија знае дека НАТО нема да го дозволи тоа, тврди Британскиот амбасадор во Косово

0
By Marija Todorovska on February 9, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 9, 2024 09:24

Британскиот амбасадор во Косово, Николас Абот ги нарече нереални предупредувањата за можна војна во Косово, со оглед на поддршката што Косово ја има од своите меѓународни партнери.

Во синоќешното интервју за ТВ Клан Косова, Абот рече дека најверојатно нема да дојде до нов вооружен конфликт меѓу Косово и Србија, бидејќи, според него, на Србија ѝ е јасна позицијата на НАТО и меѓународната воена поддршка што ја има Косово.

„Кога ќе ја погледнете меѓународната воена поддршка што ја има Косово, верувам дека тоа веројатно нема да се случи. Мислам дека во Србија го гледаат односот на НАТО, односот на билатералните партнери и разбираат дека тоа претставува голема опасност. Можеме со часови да зборуваме за нивните цели, или за работите што би сакале да ги прават, но светот не функционира така“, рече Абот.

Говорејќи за посетата на Косово на британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон, реализирана на почетокот на минатиот месец, британскиот змбасадор рече дека таа посета се случи во период на геополитички промени, а целта ѝ била да се даде порака дека Обединетото Кралство е силно ангажирано во регионот на Западен Балкан и во Косово.

Тој дојде во Косово, немаше други посети во регионот, не дојде да зборува за Косово и Србија, туку да разговара за Косово, бидејќи мислам дека ги гледа прашањата тука, ситуацијата за Косово и регионот, опасностите и заканите. Тоа значи дека треба да бидеме многу јасни во нашата поддршка, и мислам дека тоа е многу важно, бидејќи тој гледа поширок геополитички контекст за она што се случува на Западен Балкан, рече Абот.

војна Косово Николас Абот Србија Тв Клан Косова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.