Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови 281 случај на делта сојот во Грција, шест региони под зголемен надзор

0
By Ivana on July 15, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 15, 2021 20:40

Драстично зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19, повторно над 2.700 ново заразени за 24 часа, потврден 281 случај на делта сојот, а шест региони под лупата на властите и на чекор пред воведување мерки, е актуелната епидемиолошка слика во Грција, согласно последните официјални податоци, јави дописничката на МИА од Атина.

Според седмичниот извештај од Националната организација за јавно здравје на Грција, потврдени се вкупно 703 мутации на коронавурусот, од кои 320 се „алфа“, 281 „делта“, 100 се „бета“ и два „гама“, додека пак 174 позитивни случаи се следат.

По овие податоци од изминатите седум дена, во Грција досега има вкупно 402 случаи на делта сојот, од кои, како што анализира МИА, најголемиот дел, 242 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 75 во Ираклио на Крит, 21 во Ретимно, исто така на Крит, 12 во Солун, шест во Коринт, пет на Санторини, по четири на атинскиот аеродром, во областа Ахаиа и на островите Икарија и Лезбос, три во областа Етолокарнанија и на Парос и Евија, по два во областа Арголида, на Кефалонија и на Халкидики и по еден во 10 други области.

Сепак, доколку се анализираат официјалните податоци за мутациите во Грција, доминантен е алфа сојот со 78,32 отсто од вкупниот број мутации, а потоа следи делта со 2,13 проценти наспроти 0,67 отсто колку што беше минатата седмица.

Денеска се потврдени 2.794 нови случаи на Ковид-19 и шест починати лица, а професорката, епидемиолог и член на надлежната комисија во Министерството за здравство на Грција Вана Папаевангелу, на редовната прес-конференција рече дека за две седмици речиси пет пати се зголемил бројот на нови случаи на седмично ниво, а во последните 15 дена 80 отсто од заразените се под 39 години.

Папаевангелу истакна дека младите кога се враќаат од летните одмори го пренесуваат вирусот во нивната семејна или работна средина.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, на редовната прес конференција соопшти дека шест региони: островите Миконос, Парос, Санторини, Иос и градот Ретимнос на Крит се под зголемен надзор, ќе се зголемат тестирањата, но и истакна дека се еден чекор пред преземање конкретни мерки, додавајќи дека тоа е нешто што може и да се избегне.

Меѓу новите мерки кои попладнево ги соопшти Хардаљас за овие шест региони е дека од сабота за невакцинираните вработени во туризам и угостителство, задолжителни се тестирања два пати седмично, со еден рапид и еден селф тест, а истото важи и за екипажот на бродовите.

Дополнително, построги се и протоколите за детските летни кампови каде што за влез е задолжителен негативен рапид и ПЦР тест, децата ќе бидат тестирани еднаш седмично со селф тестови, а вработените кои не се вакцинирани ќе се тестираат два пати седмично, но и забранети се секакви посети.

Грција делта сој регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.