Почетокот на јавната седница на Државната изборна комисија на која треба да се одлучи дали ќе се расправа за последниот приговор на СДСМ за изборите доцни повеќе од час и половина.

На новинарите и снимателите им беше најавено дека седницата ќе почне во 11 часот, но досега ниту еден член на Комисијата не излезе да каже зошто седницата се уште не е почната.