НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарките Цветковска и Стојановска повикани како сведоци во СЈО

1
By Нова ТВ on October 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Специјалното јавно обвинителство денеска беа поканети новинарките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска во врска со нивната работа на сторија која откри како владејачката партија ги заплашува вработените во администрацијата да носат списоци со сигурни гласачи.

Новинарките Цветковска и Стојановска ги добија списоците од анонимен извор, а на лицата на списоците им се јавуваа на телефон претставувајќи се како вработени во Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.   Имаше и шокантни изјави во кои директор на подрачен фонд за здравство обелодени дека одредени гласачи се уценуваат со процедури како ин-витро.

Истрагата отвори и тогашниот Државен јавен обвинител Љупчо Шврговски, но истата брзо беше затворена под образложение дека нема доволно докази.  ВМРО-ДПМНЕ сторијата ја оцени како манипулација и безочна лага. Подоцна во својот извештај за изборите од 2011 година од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кои ги набљудуваа изборите, за наодите на новинарите од А1 напишаа дека претставуваат веродостојни докази за заплашувања и притисоци врз државните службеници. Партиски активисти барале списоци со одреден број на гласачи од вработените во администрацијата под закани дека ќе ги загубат работните места, а доказите на мисијата покажуваат дека ова се правело уште пред распишување на изборите.

– На ОБСЕ/ОДИХР ѝ беа презентирани електронски пораки кои покажуваат дека барањата ги упатувал партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ до локалните градоначалници и раководители на образовни институции, пред објавувањето на изборите. Секое партиско дејство, од страна на вработени во државни органи,  сторено во текот на работното време,  претставува злоупотреба на државните ресурси за потребите на партијата“, стои во извештајот.

ОБСЕ демонстрираше недоверба во истрага на Шврговски и побара обвинителот да направи се за да ги расветли овие случаи.

А1 телевизија гласачи избори Сашка Цветковска. Наташа Стојановска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.