По новогодишните празници министерот за внатрешни работи Агим Нухиу ќе достави барање до министерството за финансии за вработување на полицајците приправници кои денеска протестираа пред објектот на МВР, информираа од министерството.
Ова на денешната средба им го соопштил Нухиу на полицајците и ги информирал дека и претходниот министер доставил вакво барање до финансии, но немало одговор.
Попладнево 660 полицајци кои го положиле едногодишниот курс протестираа пред МВР и бараа да бидат вработени.