Претседателот на САД, Барак Обама вели Исламската држава ќе ја снема од територијата на Ирак.

Обама очекува градот Мосул до крајот на 2016 година да биде вратен под контрола на Ирак.

– Ирачаните имаат волја да се борат, успеваат во тоа и напредуваат како што гледаме, треба да им дадеме поголема поддршка, порача Обама во интервју за CNN.

Американските претставници во Багдад објавија дека САД ќе испрати околу 200 додатни сили кај веќе постоечките кои напредуваат кон Мосул.

Во разни форми на помош, војници, логистика, советници, САД во Ирак учествува со 4.087 луѓе во борбата против ИСИС.