Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обезбедувањето не дозволило на Груевски да му се врачи судска покана

2
By Нова ТВ on December 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбедувањето на Никола Груевски не дозволило судскиот доставувач да му ја предаде поканата за денешната јавна седница во Апелација во која треба да се одлучува дали бомите ќе бидат доказ во случајот „Титаник“, случај кој СЈО го отвори за изборните нерегуларности.

Како што кажа судијката Лилјана Иванова Шопова, Груевски повеќе пати бил баран во неговиот дом, но обезбедувањето не го пуштало да ја врачи поканата, а ниту тие не сакале да ја земат.

Груевски бил и телефонски повикан, поради што судот констатира дека обвинетиот е уредно повикан на денешната јавна седница.

Обвинетите во „Титаник“ бараат обвинението да не биде прифатено бидејќи претседателот Ѓорѓе Иванов ги амнестирал и дополнително барале 1063 телефонски разговори да не бидат доказ во постапката за изборните нерегуларности.

Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов, рече дека ако судот ги прифати бомбите, ќе се направи силно зло до степен на срам кон граѓаните и правниот поредок.

Адвокатот Боро Тасевски, пак, рече дека ако се прифатат бомбите, ќе се прекршат Конвенцијата за човекови права, Законот за следење на комуникациите и Законот за кривичната постапка.

Специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова рече дека првообвинетиот Никола Груевски знаел дека го прислушуваат затоа што користел кратенки и ги предупредувал соговорниците. Таа рече дека бомбите треба да бидат користени како доказ за заштита на јавниот интерес.

СЈО пак и понатаму останува на жалбата дека прислушуваните разговори не се незаконски прибавени и тие можат да бидат доказ во постапката.

На јавната седница за овој предмет кој е за изборни нерегуларности присутни се седум адвокати на 20 – те обвинети како и обвинетите поранешни министри Јанакиески и Јанкулоска.

Апелација расправа по жалба, откако Кривичниот суд на 20 октомври годинава ги отфрли „бомбите“ како доказ за „Титаник“.

Предметот „Титаник“ е прв случај што го обелодени СЈО, а се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности, а обвинети се поранешни функционери меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

 

„Титаник“ Апелација бомби Груевски јавна седница обезбедување покана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.