Двете жени обвинети за убиството на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун во Малезија, на судењето во Куала Лумпур изјавија дека не се винови.

Индонежанката Сити Аисјах (25) и Виетнамката Ти Хуонг (28) излегоа со лисици на рацете и панцири пред судот во округот Сепанг во близина на меѓународниот аеродрoм во Куала Лумпур, каде Ким Јонг Нам беше отруен во февруари годинава.

Околу 200 полицајци биле задолжени за безбедноста на почетокот на судењето.

Двете жени се обвинети дека му фрлиле в лице на Ким Јонг Нам гас ВХ, смртоносна верзија на саринот. Доколку бидат прогласени за виновни им се заканува доживотна казна затвор.

Видео снимките од аеродромот покажуваат две жени како му приоѓаат и како што изгледа, едната му фрла нешто в лице. Ким Јонг нам (45) почина на пат кон болницата.

Адвокатите на обвинетите и претходно изјавија дека биле измамени и дека веруваат оти учествуваат во скриена камера.

Ким Јонг Нам ја критикуваше политиката на својот полубрат и живееше во прогонство. Поради овој случај дојде до заострување на односите меѓу Малезија и Северна Кореја.