Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството за НоваТВ: Додека не се изготви обвинителниот акт, сѐ е шпекулација за одговорноста за пожарот во тетовската болница

0
By НОВА ТВ Balaban on May 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 16, 2022 14:13

Додека не се изготви обвинителниот акт, сѐ е шпекулација за  одговорноста за пожарот во тетовската болница, сепак актот сѐ уште се изготвува. Кога тоа ќе биде изготвено, јавноста веднаш ќе биде известена, ни изјавија од Основното јавно обвинителство во Скопје

Неколку медиуми денеска објавија дека д-р Флорин Бесими, поранешниот директор на Клиничката болница во Тетово, ќе биде еден од обвинетите за минатогодишниот пожар во модуларната ковид-болница во кој загинаа 14 лица.

Извори од тетовското јавно обвинителство, според дел од медиумите,  изјавиле дека истрагата покажала дека има одговорност за пожарот во модуларната болница. Освен од д-р Бесими, одговорност ќе се бара и од други две физички лица, кои исто така, биле на раководни позиции кога избувна пожарот. Одговорноста е врз база на хиерархиската поставеност, односно обврската функционерите да водат грижа за воспоставување на правилата и нивно почитување во болницата.

По трагедијата којашто се случи на 8 септември минатата година, оставки поднесоа директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми, додека тогашниот премиер Зоран Заев не ги прифати оставките на тогашниот министер за здравство, Венко Филипче, и неговиот заменик Илир Хасани.

Пожарот, според извештајот на обвинителството, бил предизвикан по  краток спој на струја во продолжен кабел, на којшто бил приклучен дефибрилатор со кој пациент бил враќан во живот.

Во средината на март годинава, јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Јовески  за емисијата 25 минути, изјави дека „има осомничени за пожарот кој минатата година се случи во модуларната болница во Тетово“.

– Не може да се каже дека кабелот е виновен и дека никој нема да одговара. Познато е во јавноста дека обвинителството води постапка за овај случај. Мора да сфатите дека се работи за огромна трагедија, за изгубени многу животи на наши граѓани, дека обвинителството презема многу дејствија само. Сослушани се повеќе од 40-тина сведоци, изјави тогаш Јовески.

Претходно, во јануари годинава, во Македонија пристигна и извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница во Тетово, на којшто се чекаше повеќе од 4 месеци.

Ова вештачење беше побарано преку меѓународна правна помош.

ковид болница модуларната обвинети пожар поранешниот директор Фљорин Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.