Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очајни Авганистанци заглавени на и околу аеродромот во Кабул: Пукаат и Американците и талибанците

0
By Sashko on August 19, 2021 СВЕТ
Фото: rte.ie
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Илјадници Авганистанци кои очајно се обидуваат да го напуштат Авганистан откако Талибанците се вратија на власт, се најдоа заглавени меѓу нивните контролни пунктови и американскиот прстен околу главниот аеродром во Кабул. Има уште повеќе кои се обидуваат да влезат во просторот на различни амбасади во Кабул, бидејќи се шират гласини дека е можно да се добие виза или барем безбеден премин до аеродромот.

Според непотврдени извештаи кои се споделуваа по социјалните медиуми, неколку луѓе беа убиени додека американските сили и Талибанците се обидуваа да ја потиснат, секој од своја страна, очајна толпа.

Дојдов на аеродром со деца и семејството. Талибанците и Американците пукаа. И покрај ова, луѓето тргнаа напред бидејќи знаат дека надвор од аеродромот ги чека ситуација полоша од смртта, рекол еден човек кој до неодамна работел за странска невладина организација.

Претходно беа снимени шокантни сцени на луѓе кои се качуваа на воениот авион на американскиот Херкулес додека полетуваше.

Илјадници луѓе заглавени на ничија земја

Воспоставен е одреден изглед на ред, но илјадници останаа заглавени меѓу талибанските и американските линии и нереално се надеваат дека ќе бидат ослободени и евакуирани. Многумина имаат визи и им беше ветена евакуација, но не можат да поминат.

Разговарав со пријател кој е таму. Тој доби шпанска виза, но кога ќе се обиде да стигне до вратата, се закануваа дека ќе го застрелаат. Шпанците му велат дека ќе биде добро ако влезе внатре, но не може да влезе, рекол еден човек анонимно за АФП.

Талибанците обезбедија официјална придружба до некои амбасади кои ги префрлаат нивните граѓани, но и Авганистанци.

Луѓето тепаа во автобусот и се обидуваа да влезат

Но, дури и тоа патување што може да трае неколку часа и само неколку километри е исполнето со тага.

Луѓето тепаа по прозорците на автобусот и се обидуваа да влезат внатре. Талибанците, кои беа со нас, пукаа во воздух за да ги избркаат, рече жена која успеа да се евакуира во средата.

Илјадници луѓе се собраа и пред повеќето напуштени амбасади.

Ми рекоа дека ќе ме земат ако ги ставам моето име, податоци и мобилен телефон на хартија, рече еден човек.

Стотици луѓе седнаа на тротоарите, молејќи за хартија и пенкало да го сторат истото. Вашингтон во средата рече дека Талибанците го прекршуваат ветувањето дека ќе им дозволат на Авганистанците кои работеа за САД и сојузниците да ја напуштат земјата.

„Видовме извештаи дека Талибанците ги блокираат Авганистанците кои сакаат да стигнат до аеродромот и да ја напуштат земјата“, изјави за новинарите Венди Шерман, заменик државен секретар.

„Очекуваме од нив да им дозволат на сите американски државјани, на државјани на трети земји и на Авганистанци што сакаат да го сторат тоа, безбедно да ја напуштат земјата без малтретирање“, додаде таа.

Авганистанци аеродром Американци Кабул Свет Талибанци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.