Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Очна клиника:Имаше компликации само кај неколку пациенти

0
By Нова ТВ on July 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Клиниката за очни болести испрати демант на денешната прес конференција на СДСМ, каде се вели дека петнаест оперирани пациенти на Клиниката за очни болести се соочуваат со сериозна инфекција на очите поради загадениот препарат Авастин. Реакцијата ја пренесуавме во целост.

„Во врска со денешната прес-конференција на СДСМ, УК за очни болести најостро ги демантира и одговорно тврдиме дека оперативниот блок во нашата ЈЗУ не е затворен и работи со редовен оперативен програм. Исто така демантираме за наводно загадување на препаратот авастин, зашто тој се користи исклучиво по строг медицински и светски утврден протокол.

Демантираме дека досега постојат т.н 15 оперирани пациенти кои се соочуваат со сериозна инфекција на очите (како што беше изнесено на денешната прес конференција одржана од страна на горенаведените). Исто така, одлучно ги негираме изнесените тврдења за т.н несоодветни болнички услови, ниту пак податокот дека во нашата клиника се употребуваат т.н загадени препарати за очи.

Во интерес на вистината, сакаме да информираме дека само кај неколку пациенти забележана е компликација по спроведени третмани и истото веднаш е пријавено до соодветните надлежни институции и за таа цел, веднаш беше формирана Комисија за стручен надзор, преземени се сите потребни превентивни мерки и пациентите се во добра општа состојба.

Повторно ги  информираме нашите пациенти и сите граѓани во Р.Македонија дека работиме вообичаено без прекин на оперативниот програм. 

Крајно сме изненадени од изнесените невистини на денешната прес конференција на горенаведената опозициска политичка партија и тоа токму во п0ериод на најголем позитивен резултат од работењето на Клиниката.

Наместо заклучок, во Р.Македонија постојат субјекти кои само си ја работат својата должност, а исто така има субјекти во Р.Македонија кои непрецизно зборуваат во континуитет.

Ви напоменуваме дека овој наш допис до медиумите ќе биде прв и последен во исто време по ваков повод а понатаму нема да се допишуваме по медиуми туку ќе преземеме употреба на соодветни правни инструменти против секој кој ќе се обиде да и наштети на ЈЗУ Универзитетска Клиника за очни болести Скопје“, се вели во реакцијата од Клиниката за очни болести.

Очна клиника реакција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.