Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 23 до 26 јануари, светските лидери во Давос

1
By Нова ТВ on January 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светскиот економски форум, 48-ми по ред, започнува на 23 а ќе трае до 26 јануари во Давос, Швајцарија.

На овој годишен состанок ќе присуствуваат најважните светски лидери, од политичари до најуспешни бизнисмени, академици како и организации и претставници на граѓанскиот сектор.

Пораката на која се основа собирот во Давос гласи „Креирање на заедничка иднина во скршен свет“, а фокусот е на меѓународната соработка, безбедноста, глобалната економија и животната средина.

И овој форум доаѓа во време на истакнати геостратегии, воени конфликти на Блискиот Исток, тензијата на Корејскиот Полуостров и проширувањето на Европската Унија.

„Нашиот свет е напукнат од зголемената борба помеѓу нациите и длабоките поделби во општеството. Повеќе од кога било клучна е соработката. Нашиот годишен собир има за цел да ги соедини интересите помеѓу нациите и да даде поттик за целосна посветеност во инклузивен раст“, изјави непосредно пред почетокот на форумот, професорот Клаус Шваб, кој е основач на Светскиот економски форум.

Воведното обраќање е резервирано за премиерот на Индија, Нарендра Моди, а гости во Давос ќе бидат и американскиот претседател Доналд Трамп, потоа канцеларката Ангела Меркел, премиерите на Италија и Обединетото Кралство.

Ќе присуствува и претседателот на Франција, Емануел Макрон, канадскиот прмиер Џастин Трудо, претседателото на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и многу други важни политички претставници од секаде од светот.

Ќе бидат присутни 340 политичари.

Учество во Давос имаат потврдено и генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутерес, Роберот Азеведо, претседателот на Светската трговска организација, претседателот на Светската здравствена организација и ред други претставници од безбедносната, економијата, културата и слично.

Македонскиот премиер Зоран Заев, во Давос на 24.јануари, ќе оствари директна средба со својот грчки колега, Алексис Ципрас.

Давос Јункер Макрон Меркел Светски економски форум Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.