Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

0
By Xhabir Deralla on October 25, 2026 ВЕСТИ, РЕГИОН, ТИКЕР, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 25, 2026 13:26

ЦИВИЛ МЕДИА од раните утрински часови на 25 октомври известува за вонредните парламентарни избори во Србија, со оригинални теренски информации од Белград, фотографии, видеосведоштва, анализи на излезноста и ексклузивни изјави за регионалното значење на изборите. До пладне, редакцијата објави пет прилози во рамките на специјалното известување „СРБИЈА ГЛАСА“.

Првиот извештај, објавен во 8:02 часот, донесе информации и фотографии од колумнистот и специјален известувач Марко Маневски, кој јави дека граѓаните во Блок 45 во Нов Белград чекале во редици уште од 4 часот наутро, три часа пред отворањето на избирачките места.

Во следниот теренски извештај, Маневски информираше за доцнења со почетокот на гласањето на повеќе локации, недостиг од изборна опрема и бавно одвивање на процесот. Истовремено, ја опиша атмосферата на трпеливост и солидарност меѓу граѓаните, кои чекале со кафе, кифлички и книги.

Особено впечатлива беше забелешката на еден гласач: „Си земав бурек да појадувам додека чекам. Па нема ваљда сендвич да јадам!“

Во првиот видео разговор од Белград, Маневски ја опиша атмосферата како референдумска. До 10 часот излезноста достигна 19,8 проценти, според ЦРТА, речиси двојно повеќе отколку во 2023 година. Извештајот го опфати и големиот интерес за гласање во дијаспората, вклучително и долгите редици во Њујорк.

Во својата анализа за ЦИВИЛ МЕДИА, Љубомир Костовски ја разгледува високата утринска излезност, која до 11 часот достигна 27,3 проценти, наспроти 15,1 процент во истиот период во 2023 година. Анализата го отвора прашањето за можните политички последици од ваквата мобилизација, без да го прејудицира изборниот исход.

 

Регионалната димензија е опфатена и во ексклузивните изјави на Џелал Хоџиќ и проф. д-р Оливер Андонов. Двајцата соговорници оценуваат дека евентуалните политички промени во Србија би можеле да имаат значајни последици за Западен Балкан, особено за Северна Македонија.

ЦИВИЛ МЕДИА продолжува со директни теренски известувања, видеоразговори и анализи во текот на изборниот ден, комбинирајќи оригинално новинарство со информации од независни набљудувачи и релевантни извори.

НОВА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.