Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од здравствени причини: Јапонскиот премиер Абе одлучил да поднесе оставка

0
By Нова ТВ on August 28, 2020 СВЕТ
Фото: usatoday.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе одлучил да поднесе оставка од здравствени причини. Лани во ноември тој стана премиер на Јапонија со најдолг мандат во историјата, но летово неговата популарност значително се намали поради управувањето со епидемијата на Ковид-19 и серијата скандали, пред сè апсењето на поранешниот министер за правда.

Светските агенции, цитирајќи извор близок на семејството на јапонскиот премиер, јавуваат дека Абе решил да поднесе оставка поради неговата влошена здравствена состојба.

Шинзо Абе за прв пат ја презеде функцијата премиер во 2006 година како најмлад премиер во повоената историја во Јапонија, но само една година по стапувањето на должност, под притисок од политички скандали, тој реши да поднесе оставка, повикувајќи се на здравствени причини.

Пет години по неговата оставка, во 2009 година, Абе ја врати на власт својата конзервативна Либерално-демократска партија, а од позиција на премиер тој почна програма за економска консолидација насочена кон надминување на постојаната дефлација, заживување на економскиот раст и спроведување структурни реформи со цел Јапонија подобро да се избори со намалувањето на бројот на населението и стареењето на нацијата.

За време на епидемијата на коронавирусот, Абе беше обвинет за начинот на управување со вонредната состојба и недостатокот на политички авторитет.

Агенцијата „Јиџи“ цитираше изјава на Абе во која, меѓу другото, вели дека не сакал да предизвика проблеми на својата партија со ненадејната оставка, но оти е принуден да се повлече поради неговата влошена здравствена состојба и хроничните болести.

Јапонија Ковид-19 оставка премиер Шинзо Абе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.