Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбојкарите ја искомпромитираа Будимпешта:Македонија се подалеку од ЕП

0
By Нова ТВ on August 23, 2018 СПОРТ
Фото: cev.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Големиот триумф на одбојкарите над Унгарија во Будимпешта е искомпромитиран. Репрезентацијата на Македонија го претрпе вториот пораз на домашен терен во квалификациите за ЕП 2019. Ако некако и можеше да се прогледа низ прсти по мечот со Украина (2:3), тоа не е случај овојпат. „Црвено-жолтите“ загубија и од Швајцарија, која допатува во Скопје како аутсајдер, со 3:2 (по сетови: 25:21, 21:25, 23:25, 25:19, 12:15) и драстично ги намалија шансите за место на завршниот турнир од 12 до 29 септември догодина во Словенија, во Холандија, Белгија и во Франција.

Алиби за замор нема оти немаше ниту патување меѓу двата настапа во групата Ф. Македонските одбојкари едноставно беа под нивото, па и поразот дојде како логична последица на настаните на терен. Освен константата во првиот сет, сите останати се одиграа со големи амплитуди. Особено во третиот во кој имаа водство во финишот со 21:18 што на крај го искоцкаа. Со стабилен прием на сервис и цврт блок, Швајцарците успеаја до пресврт за психолошка предност во продолжението на средбата.

Четвртиот сет донесе резултатска нишалка. Подобро отворија гостите кои во два наврата имаа и плус 4 (5:9 и 9:13) за Македонија да успее да направи голема серија од 10:2 и во завршницата да влезе со 19:15. Овојпат успеа да ја задржи за израмнување на 2:2 и во ист ритам го почна решавачкиот сет. Но, на средината повторно дојде до пад во играта и по 7:7, домашните одбојкари постојано беа во минус, а сили за пресврт не останаа за конечни 2:3 и во голема мера намалување на шансите за историски пласман на ЕП.

Швајцарија и Македонија во сабота од 17 часот во „Бетонкуп арена“ во Шененверд го играат реваншот што ќе биде последен настап во квалификациите во овој период од годината. Во претпоследното коло (5/6 јануари), Македонија ќе гостува на Украина, а на 9 јануари ќе игра во Скопје против Унгарија.

Одбојка (м) – квалификации за ЕП 2019

Група А, 3 коло

Финска – Романија 2:3 (18:25, 25:21, 22:25, 25:18, 6:15)

Табела: Романија 4, Финска 4, Данска 1.

Група Б, 3 коло

Естонија – Израел 3:0 (25:19, 25:21, 25:15)

Табела: Естонија 6, Израел 3, Летонија 0.

Група Ц, 3 коло

Црна Гора – Исланд 3:0 (25:15, 25:20, 25:15)

Словачка – Молдавија 3:0 (25:15, 25:21, 25:16)

Табела: Црна Гора 7, Словачка 6, Молдавија 5, Исланд 0.

Група Д, 3 коло

Хрватска – Албанија 3:1 (25:15, 25:21, 19:25, 25:14)

Португалија – Австрија 3:0 (25:20, 25:23, 25:17)

Табела: Португалија 9, Австрија 4, Хрватска 3, Албанија 2.

Група Е, 3 коло

Шпанија – Норвешка 3:1 (25:22, 19:25, 25:22, 25:19)

Белорусија – Грузија 3:0 (25:13, 25:19, 25:12)

Табела: Белорусија 8, Шпанија 7, Норвешка 3, Грузија 0.

Група Ф, 3 коло

Македонија – Швајцарија 2:3 (25:21, 21:25, 23:25, 25:19, 12:15)

Украина – Унгарија 3:0 (25:15, 27:25, 25:19)

Табела: Украина 8, Македонија 4, Унгарија 3, Швајцарија 3.

Група Г, 3 коло

Шведска – Луксембург 3:1 (22:25, 25:14, 25:17, 25:14)

Грција – Азербејџан 3:0 (25:14, 25:18, 25:13)

Табела: Грција 9, Азербејџан 4, Шведска 4, Луксембург 1.

ЕП 2019 квалификации Македонија Одбојка (м) Швајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.