Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбојкарите се подготвуваат за ЕП 2019: Пораз и победа во двомечот со Шведска

0
By Нова ТВ on August 25, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/volleyballmkd
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пораз и победа на македонската машка одбојкарска репрезентација во двомеч со Шведска во рамки на подготовките за дебитантскиот настап на Европското првенство што од 13 до 29 септември ќе се одржи во Словенија, во Франција, во Белгија и Холандија.

„Спартанците“ вечерва во СРЦ „Кале“ загубија од скандинавскиот спаринг партнер со 2:3 (по сетови 21:25, 25:20, 20:25, 25:21, 13:15). Првиот дуел, пак, ` припадна на македонската селекција со 3:2 (по сетови 18:25, 25:21, 25:11, 14:25, 16:14).

Во продолжение на подготовките, одбојкарите ќе настапат и на турнирот „Бранко Хаџииљоски Чајка“ на 30/31 август во Тетово каде во полуфиналето ќе играат со Украина, а во вториот меч со Белгија или Бугарија во зависност од исходите во мечевите, а до стартот на ЕП е договорен и двомеч со Австрија во Сент Полтен.

Македонската репрезентација на ЕП 2019 ќе игра во групата Ц во Љубљана (арена „Стожице“) против Финска (12 септември, 17.30 ч.), против Турција (13 септември, 17.30 ч.), против Русија (14 септември, 17.30 ч.), против Белорусија (16 септември, 20.30 ч.) и против Словенија (17 септември, 17.30 ч.).

Претстојното Европско првенство во машка конкуренција ќе биде прво со 24 национални тима и прво што ќе се игра во четири држави. Македонската и репрезентацијата на Црна Гора ќе учествуваат како дебитанти, титулата ќе брани Русија.

Завршниот викенд на ЕП 2019 ќе одржи во „АкорХотелс“ арена во Париз чиј капацитет е 15.609 седишта.

ЕП 2019 Македонија Одбојка Подготовки Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.