Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбојкарски брејк кон ЕП2019:Македонија удри по Унгарија во Будимпешта

0
By Нова ТВ on August 15, 2018 СПОРТ
Фото: cev.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската машка одгојкарска репрезентација со брејк ги отвори квалификациите за Европското првенство во 2019 година. Совладана е Унгарија во Будимпешта со 3:2 во рамки на првото коло во групата Ф што претставува голем исчекор кон завршниот турнир чии ко-домаќини во септември догодина ќе бидат Франција, Словенија, Холандија и Белгија.

Сите пет сета во мечот пред 600 гледачи во унгарската престолнина беа тесни и резултатски неизвесни. „Црвено-жолтите“ ги освоија првиот и вториот со 25:23 за домашните да возврата со иста мера во третиот и во четвртиот сет. Македонските одбојкари беа поприсебни во решавачкиот петти сет, демонстрираа поголема концентрација, ладна глава и поголема желба за триумф во што и успеаја (16:14) по 143 минути.

Фото: cev.eu

Централна фигура на средбата беше Никола Ѓорѓиев со неверојатни 42 поена.

Во вториот меч во групата Ф, Украина во Запорожје ја совлада Швајцарија со максимални 3:0 (по сетови: 25:16, 25:16, 25:20).

Веќе во сабота во Скопје (СРЦ „Кале“, 20,30 ч.), Македонија ја пречекува Украина во второто коло, а до крајот на месецот одбојкарите ќе одиграат два меча и против Швајцарија. Најпрво ќе бидат домаќини на 22 август (СРЦ „Кале“, 20,30 ч.) за три дена подоцна да гостуваат во Шененверд (17,30 ч.). Потоа ќе следува пауза од четири месеци во циклусот што ќе продолжи по Нова година со дуели против Украина во гости и против Унгарија на домашен терен на 9 јануари.

Квалификации за ЕП 2019 во одбојка (м)

Група А

Романија – Данска 3:2 (по сетови: 21:25, 25:20, 24:26, 25:22, 15:11)

Данска – Финска (18 август)

Група Б

Израел – Летонија 3:0 (25:23, 29:27, 25:13)

Група Ц

Словачка – Исланд 3:0 (25:7, 25:15, 25:17)

Молдавија – Црна Гора 3:2 (24:26, 19:25, 25:22, 25:19, 15:12)

Група Д

Португалија – Албанија 1:1 (во тек)

Австрија – Хрватска 1:1 (во тек)

Група Е

Шпанија – Грузија 3:0 (25:9, 25:12, 25:6)

Белорусија – Норвешка 3:1 (25:17, 28:26, 18:25, 28:26)

Група Ф

Унгарија – Македонија 2:3 (23:25, 23:25, 25:23, 25:23, 14:16)

Украина – Швајцарија 3:0 (25:16, 25:16, 25:20)

Група Г

Грција – Луксембург 2:0 (во тек)

Азербејџан – Шведска 3:2 (23:25, 19:25, 26:24, 25:22, 15:10)

ЕП 2019 квалификации Македонија Одбојка (м) Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.