Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната: Бетман, Јовановски и Дамовски се обвинети за кажан збор

2
By Нова ТВ on August 23, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Макфакс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со воведен говор на бранителот Дончо Наков денеска продолжи судењето за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија за кои се обвинети 33 лица, од кои 31 одговараат за „тероризам“, а две за „помагање“.

Наков е  бранител на обвинетите Љубен Арнаудов, Абдуљ Фетаи, Владо Јовановски и Богдан Илиевски – Бетмен.

Владо Јовановски, Богдан Илиевски, Игор Дурловски и Борис Дамовски само за кажан збор се обвинети за тероризам, рече адвокатот Донче Наков во воведниот збор за случајот “Крвавиот четврток”.

– Доколку сметале колегите од обвинителството дека пишаниот збор е кривично дело, можеле да го опфатат со друг член, но и и со тероризам, истакна Наков.

Тој говорите на обвинетите, кажани на 27 април 2017 година пред Собранието, со кои според обвинителството ја разгореле толпата, ги нарече поблаги дури и од говорите на Шарената револуција, на протестантите пред Калето или на СДСМ пред Владата.

-Богдан Илиевски. Архитект. Од семејство на правници. Мајка му е позната колумнистка.Обвинителството го обвинува Илиевски дека со една реченица ја разгорел насобраната толпа за да влезе во Собранието. Но, оваа реченица е кажана дури 40 минути пред народот да влезе во Собранието. Потоа следуваат смирувачки пораки и дури им вели на луѓето да седнат, исткана Наков.

За актерот Јовановски пак рече дека во своите говори секогаш кажувал цитати и мудри мисли од историски личности и пеел песни.

-Владо Јовановски не треба посебно да го претставувам. Нормален човек со нормално семејство и со кредити, како што тој вели. Патриот и емотивен тип, како што вели Владимир Милчин, рече адвокатот за актерот Владо Јовановски и додаде дека неговиот клиент не е терорист.

За Љубен Арнаудов, кој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, бил успешен гинеколог со 37-годишна кариера и над 15 илјади породувања.

-Абдулфетах Аљими. Обичен полицаец. Има дадено гаранција за Зијадин Села, каде што тој ја даде својата куќа како гаранција дека нема да бега”, рече Донче Наков.

Според најавите од судијката Добрила Кацарска, се очекува на денешното рочиште да завршат воведните говори на одбраната.

Во меѓувреме, група граѓани со знамиња протестираат пред Кривичен суд.

Првото рочиште за настаните во Собранието на 27 април се одржа вчера со воведни говори на обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите.

На обвинителната клупа во судот вчера седнаа Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска – Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Судијката Кацарска која го води предметот закажа вкупно 37 термини за главната расправа

27.април воведни зборови одбрана судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.