Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната за случајот „Насилства во Центар“ бара да се одложи судењето

0
By Нова ТВ on November 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судијката Татјана Михајлова од Основниот суд Скопје не го одложи денешното рочиште за насилството и нарачаните шамари за поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Михајлова прифаќајќи го барањето на обвинителката Фатиме Фетаи, која предупреди дека никогаш нема да се соберат сите обвинети и судењето да почне донесе решение да го издвои Димче Крстев кој утрово беше стражарно приведен по наредба на Михајловска.

Оваа постапка на Михајлова предизвика изненадување и вознемиреност кај првообвинетиот Никола Груевски и кај сите останати 13 обвинети и адвокатите кои денеска дојдоа комплет.

Михајлова му рече на Крстев: „Одете си дома Димче ако не ви е добро. Слободен сте. Ќе бидете повикан во друга постапка против вас, за истото обвинение”.

Михајлова рече дека против нејзината одлука Крстев да се издвои од оваа постапка и судењето за насилствата и нарачаните шамари за Жерновски, нема право на жалба.

По оваа одлука на Михајлова, адвокатите на обвинетите побараа одложување на главната расправа. Во моментот на нивно барање судијката даде пет минути пауза.

По паузата треба да продолжи образложувањето на адвокатите  за одложување на почетокот на главната расправа.

Во судот освен Груевски, присутни се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и останатите обвинети во овој случај. Присутни се и Андреј Жерновски и Саша Богдановиќ како оштетени лица во овој случај

Претходното рочиште беше одложено поради тоа што Димче Крстев и Милан Андоновски не беа присутни на судењето.

Овој случај  се однесува на протестите во оваа општина против, како што велеа тогаш демонстрантите, рушење на црквата Свети Константин и Елена. Протестите резултираа со демолирање на општинската барака, упад на демонстранти во седница на советот и упатување закани кон советниците.

Според објавената прислушуван разговор што го објави Зоран Заев, протестите биле во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а Груевски побарал еден од демонстрантите да му удри шамар на градоначалникот, Андреј Жерновски.

насилство во Центар рочиште СЈО судење Фатиме Фетаи шамари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.