По барање на одбраната, судија на претходна постапка денеска го одложи распитот за четворицата осомничени во случајот „ТНТ“.
За градежната инспекторка во Гази Баба Која е првоосомничена и уште тројца членови на Комисијата за јавни набавки на општината за кои СЈО тврди дека незаконски донеле одлука за рушење на објектот „Космос“ на Фијат Цаноски, закажан е распит на 23. месецов, бидејќи одбраната побарала дополнително време за да го заврши увидот во предметот и доказите.
Поради незаконско рушење на објектот, Специјалното обвинителство за нив бара мерки за обезбедување на присуство, додека останатите осомничени екс-премиерот Груевски, Јанакиески и градоначалникот на Гази Баба – Тони Трајковски не може кривично да се гонат, бидејќи претседателот Иванов ги помилува.
Предмет ТНТ: „Космос“ срушен за политичка одмазда