Апелациониот суд Скопје ја одложи расправата по жалбата на екс премиерот Никола Груевски и поранешниот раководител во МВР Ѓоко Поповски за пресудата за набавката на мерцедесот вреден 600.000 евра.

Причина за ова е што на расправата не дојде ниту Груевски ниту неговите адвокати. Груевски го известил судот дека во исто време е на судење за случајот „Насилства во Центар“ исто како и неговите адвокати.

Своето отсуство не го оправда само адвокатот Дончо Наков. Со ова не беа исполнети условите за почеток на седницата по што таа беше одложена.

За случајот „Тенк“, експремиерот Никола Груевски доби казна затвор од 2 години, а второобвинетиот Ѓоко Поповски, доби 6,6 години затвор.