Судскиот процес против Владимир Панчевски, експретседател на Кривичниот суд, повторно е одложен.

На рочиштето се појави одбраната, но не и Панчевски кој е обвинет за мобинг од Горан Стаменковски, вработен во одделението за човечки ресурси.

Според тужбата, Панчевски подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции и го казнувал.