Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одложување на изборите – единствена точка на дневен ред во Собрание

0
By Нова ТВ on May 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог на закон за изменување на Изборниот законик по скратена постапка e единствената точка на дневниот ред на собраниската седница експресно закажана за денеска во 16 часот.

Предлог доаѓа од пратеникот Талат Џафери. Се однесува на бришење на членовите 82 и 83 од Изборниот законик, во кој 5. јуни е дефиниран како датум за избори и се предвидени ограничувања на медиумите во однос на предизборната и изборната кампања.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, повикувајќи се на денешната одлука на Уставен суд за времено запирање на сите изборни дејствија, за денеска во 16 часот ја закажа 101-та седница.

„Како претседател на Собранието на Република Македонија, имајќи го во предвид решението на Уставниот суд, У.бр.104/16 од 18 мај 2016 година, ја информирам македонската јавност дека врз основа на сопствените надлежности дефинирани со Уставот на државата, за денес, 18 мај 2016 година во 16 часот ја закажав 101 седница на Собранието на Република Македонија. Исто така, сакам да го изразам своето длабоко уверување дека натамошниот развој на демократските процеси во Република Македонија најдобро може да се оствари во Парламентот на Македонија заради што ги повикувам сите пратеници независно од политичката определба да земат свое активно учество.

Истовремено, го изразувам и своето силно уверување дека единствено преку постојано надоградување на меѓусебните односи помеѓу сите релевантни чинители во државата, на најдобар можен начин ќе се помогне во насока на остварување на носечките македонски стратешки приоритети какви што несомнено се, членството во НАТО и ЕУ, унапредувањето на стратешките односи со САД, како и создавањето на сите неопходни претпоставки за економски, социјален и сеопшт развој на Македонија, се вели во соопштението на собраниската прес-служба.

Уставните судии денеска едногласно изгласаа времена мерка за запирање на сите изборни дејствија кои произлегуваат од оспорената одлука за распуштање на Парламентот. Со ова Уставниот суд ја отвори можноста, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да го свика парламентот и да ја поништи одлуката за избори на 5. јуни.

Судот ја прифати Иницијативата на ДУИ  и изрази сомнеж за уставноста на актот со кој се изгласало распуштање на Собранието со одложено дејство и следната недела ќе донесе конечна одлука дали одлуката за распуштање е уставна или не. До тогаш важи времената мерка за запирање на сите изборни дејства.

 

 

ДУИ избори Собрание Уставен суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.