Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одлука на ДИК: Сто проценти повисок надоместок за членовите на Избирачките одбори

0
By Нова ТВ on August 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе едногласна одлука за стопроцентно зголемување на надоместокот за членовите на избирачките одбори, 20 отсто поголем надоместок да добијат членовите на општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари.

„Предложивме нашиот Правилник што го донесовме уште во февруари, да го измениме поради новонастанатата ситуација со кратките рокови со кои се соочивме при неколкукратното одложување на предвремените парламентарни избори, но и ковид-ситуацијата што сериозно можеше да влијае врз здравјето, пред сè, на гласачите, а со оглед дека станува збор за членови на изборни органи кои учествуваа во спроведување на изборите“, нагласи членот на ДИК, Елизабета Постоловска.

Таа рече дека едногласно се согласиле надоместокот за членовите на избирачките одбори да биде зголемен за сто отсто со оглед на тоа дека тие биле најдиректно изложени на контакт со гласачите и биле изложени на најголем ризик по нивното здравје.

„Исто така го зголемивме надоместокот за 20 отсто на членовите на општинските изборни комисии поради организација и успешно спроведување. Ќе ги спомнам и здравствените работници, оние што не се откажаа да бидат членови во посебните избирачки одбори и кои беа свесни за нивната општествена и хумана одговорност, па според тоа успешно го спроведоа гласањето на лицата во изолација и болните со Ковид-19, па поради тоа во нашиот правилник предвидовме надоместокот да биде ист за сите – 6.000 денари, односно во висина на најголемиот надомест којшто ќе го земе претседател на изборен орган“, нагласи Постоловска.

Таа истакна дека сумите не се награда за сработеното, тука се реален надомест за секој учесник во изборниот процес во рамки на неговите обврски и надлежности, што ги сработил успешно и професионално, согласно тешките здравствени аспекти.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски посочи дека сумите што се определени не отстапуваат од буџетскиот лимит, со оглед на тоа што се заштедени средства од предвидените за гласањето на дијаспората, како и за јавни набавки.

Дик избирачки одбори Медицински лица надоместоци одлуки Општински изборни комисии седница членови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.