Русија денеска соопшти дека одлуката на лидерите на Европската унија за статусот на кандидати за Украина и Молдавија ќе има негативни последици.

Иако може да поминат години за овие земји да се приклучат на европскиот блок, одлуката да се прифатат како кандидати е симбол на намерата на ЕУ да допре длабоко во поранешниот Советски Сојуз, смета Москва, објави Ројтерс.