Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одмазда за генерал Сулејмани: Иран ракетира две бази со американски војници во Ирак

0
By Нова ТВ on January 8, 2020 СВЕТ
Фото: nbcnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иранските сили за безбедност ракетираа две воздухопловни бази во Ирак во кои се сместени и американски воени трупи во акцијата што според британски „Гардијан“ може да се окарактеризира како најавен одговор за убиството на генерал Касем Сулејмани. Ракетниот напад со 20-тина балистички проектили „земја-земја“ го потврди и Пентагон, но засега нема информации за евентуални жртви.

Фото: hongkongfp.com

Според иранската државна телевизија, ракетирањето било насочено кон две воздухопловни бази Аин ал Асад во близина на Багдад и на база во Ирбил на северот на Ирак. Американски воени официјални лица изјавија дека најмалку шест проектили ја погодиле Аин Асад, а нападот го потврди и портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам.

Иранската новинска агенција „Фарс“ објави и видео снимки од нападот за чија автентичност засега нема потврда од „Си-Ен-Ен“.

„Свесни сме за нападите на американските сили во Ирак. Претседателот Трамп е известен за ситуацијата која внимателно се следи и во тек се консултации со тимот за национална безбедност“, изјави Гришам.

Американските медиуми јавуваат дека во Белата куќа пристигнале и државниот секретар, Мајк Помпео и министерот за одбрана, Марк Еспер.

Фото: news.sky.com

„На 7 јануари во 17.30 часот по американско време, Иран лансира десетина балистички ракети против американските и коалициските сили во Ирак. Јасно е дека проектилите доаѓаа од Иран и дека погодија најмалку две ирачки воени бази, Аин ал Асад и Ирбил, во кои е сместен американски и коалициски воен персонал“, е наведено во соопштението на Пентагон.

Иранската револуционерна гарда, пак, објави информации дека Пентагон се подготвува за одговор на нападите и порача дека „ќе возврати во Америка“. Но, истовремено се закани дека на напад на напад на Дубаи во Обединетите Арапски Емирати и на Хаифа во Израел во случај на бомбардирање на иранската територија.

Фото: bbc.com

„Ги предупредуваме сите американски сојузници кои ги отстапија своите бази за нивната терористичка војска дека секоја територија на напад врз Иран ќе биде наша мета“, стои во соопштението на Иранската револуционерна гарда што го пренесоа и државната телевизија и „Би-Би-Си“.

Ракетирањето на двете ирачки бази доаѓа по еден ден од размената на закани за одмазда меѓу САД и Иран. Воздухопловната база Аин ал Асад е најголема во провинцијата Анбар и според непотврдени информации во неа има околу 5.000 војници и голем број на авиони.

Бази Генерал Касем Сулејмани Ирак Иран напад Одмазда ракети САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.