Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одржувањето на референдумот неизвесен поради партиски препукувања

1
By Соња Петрушевска on July 13, 2018 ПОЛИТИКА
Од лидерската средба одржана на 19 мај
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во последен момент ќе се договора датумот за референдум и референдумското прашање. Пред истекот на рокот до кога Собранието треба да донесе одлука за распишување на референдумот, партиите најверојатно на лидерска средба, наредниве денови ќе ги договораат деталите и изборот на Државната изборна комисија која треба да го спроведе референдумот.

„Очекувам да нема услови кои би го попречиле одржувањето на референдумот.Очекувам со лидерот на опозицијата и на другите партии да ги дефинираме сите чекори и процесот за организаирање на референдумот. Очекувам ДИК да се формира брзо“ рече денеска премиерот Заев.

Од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ за НОВА ТВ потврдија дека Законот за финанисарање на партиите е делумно усогласен и наскоро може да се испрати во Собранието на гласање. Со овој Закон се предвидува буџетско финансирање на парламентарните и вонпарламентарните партии. Но, овој Закон е само еден од двата услови што ги постави ВМРО ДПМНЕ за изборот на ДИК. За барањето за „пржинска влада“ нема најава од ниту една партија дека е подотвена на отстапки.

Во Законот за Влада пишува дека премиерот ќе отстапи од својата функција 100 дена пред одржувањето на парламентарните избори и ние тоа го подржуваме рече Заев.

„ Кога се формираше техничката Влада, во Пржино, опозицијата вети дека повеќе нема да ги објавува т.н „бомби“ и ќе ги достави до Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше дел од договорот со кој Македонија почна да излегува од политичката криза. Не гледам потреба за тоа сега, но знам дека наша должност е да овозможиме нашите граѓани да се изјаснат на овој „историски“ референдум“ кажа Заев.

Од СДСМ велат дека „ВМРО ДПМНЕ со поставувањето на услови за изборот на ДИК, сака да го блокира одржувањето на референдумот“.

Опозцијата објаснува дека „пржинската влада“ на која инсистираат значи не само смена на премиерот со технички премиер, туку и смени во Министерството за внатрешни работи и за труд и социјала каде би дошле кадри од опозицијата, која исто така би добила и заменици министри во четири други министерства.

„ Пржинската Влада беше договорена уште во март. Тоа што сега се предомислуваат , има само една логика а тоа е дека планираат да ги местата следните избори“ изјавија од ВМРО ДПМНЕ за НОВА ТВ.

Според Законот за референдум, Собранието треба да го распише рефрендумот 60 дена пред да се одржи. Ова значи дека доколку рефрендумот се планира да се одржи кон крајот на септември, тогаш најдоцна кон крајот на овој месец  пратениците да донесат одлука, а претседателот на Собранието да ја потпише одлуката за одржување на референдумот.

 

 

ВМРО-ДПМНЕ Заев референдум рокови СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.