Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Извршен увид за хеликоптерската несреќа, обезбедени снимки од камери и комуникација со контрола на летот

0
By Нова ТВ on May 4, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: nezavisen.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 4, 2020 22:53

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје изврши увид на Меѓународниот аеродром Скопје каде околу 11:30 часот се преврте хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР). При увидот на лице место, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи, се обезбедени трагите од хеликоптерската несреќа, се наведува во соопштението на ОЈО.

Од таму нагласуваат дека по наредба на јавниот обвинител се обезбедени видео записите од камерите на аеродромот, како и аудио снимките од комуникацијата на пилотот со контролата на летот, а извршен е првичен разговор со пилотот и со уште четири лица од екипажот на хеликоптерот.

Местото на настанот, како што стои во дописот на ОЈО, го посетиле и претставници на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти кои ќе изготват извештај за незгодата.

Увидот на лице место е завршен, а хеликоптерот сè уште се наоѓа на местото и во положбата затекната по падот. Локацијата е обезбедена, велат од ОЈО, а во текот на утрешниот ден леталото ќе биде пренесено од аеродромската писта на друга локација, каде ќе се обезбедува до крај на постапката.

Во зависност од обезбедените докази како и од наодите во извештајот на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, ќе бидат утврдени причините за хеликоптерската несреќа. Доколку притоа бидат утврдени пропусти од субјективен карактер, Јавното обвинителство ќе поведе кривична постапка.

МВР несреќа ОЈО увид Хеликоптер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.