Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Обвинение за двајца осомничени за убиството на Никола Саздовски

0
By Нова ТВ on September 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против две лица за убиство на Никола Саздовски, што се случи на 29 јуни.

За третиот осомничен истражната постапка е прекината, бидејќи е недостапен за органите на прогонот и ќе продолжи откако тој ќе биде најден.

Според обвинението тие на свиреп начин го лишиле од живот Саздовски. Исто така на двајцата обвинети им е продолжена мерката притвор, бидејќи  се смета дека постои опасност од бегство и дека во текот на кривичната постапка обвинетите ќе влијаат на сведоците.

Фото: Фејсбук профил на Никола Саздовски

-Обвинетите на 29 јуни 2018 година околу 17.45 часот на бул. Александар Македонски во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид,  му пристапиле на оштетениот  и му побарале лична карта. Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите. Од силните удари оштетениот загубил рамнотежа, паднал на тротоарот, по што обвинетите  без милост, истовремено и со силни удари продолжиле со клоци да го удираат по главата и градите. Од ударите оштетениот се здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот и западнал во коматозна состојба.  Тој бил пренесен во ургентниот центар при Клиничкиот центар Мајка Тереза. Истиот ден бил пренесен во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје , Одделение за анестезија и реанимација, каде на 3 јули 2018 година била констатирана мозочна смрт.  Како резултата на здобиените повреди на 9 јули 2018 година оштетениот починал, се вели во соопштението од ОЈО.

Од Обвинителството појаснуваат дека обвинителниот акт следи по спроведена истражна постапка против двајцата обвинети за кривичното дело за кое што се обвинуваат. Во текот на истражната постапка обвинетите биле испитани и дале своја одбрана пред надлежен јавен обвинител.

Против третото осомничено лице, Јетон Љужа за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка  за истото кривично дело  како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети,Обвинителството соопшти дека е прекината истражната постапка и же продолжи кога тој ќе биде достапен за органите на прогонот. По него е распишана домашна и меѓународна потерница.​

Никола Саздовски обвинение ОЈО потерница убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.