Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Пет лица признаа вина за злоупотреби во општина Карпош – сите добија условни казни

0
By Нова ТВ on December 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 31, 2019 12:37

Надлежен обвинител при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постигна спогодба со пет лица кои, по поднесувањето на Обвинителниот акт со кој се обвинува градоначалник, осум административни службеници од општина Карпош и две одговорни лица во правно лице, поднесоа изјави за признавање на вина. Осомничените го признаа извршувањето на кривичното дело што им се става на товар и се согласија да им биде изречена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку во рок од две години не сторат ново кривично дело и парична казна како споредна казна во висина од 500 евра во денарска противвредност. Судијата на претходна постапка ги прифати поднесените Предлог-спогодби и донесе пресуди со кои на обвинетите им се изрекуваат предложените казни. Мерките на претпазливост определени спрема обвинетите ќе бидат укинати по правосилноста на Пресудите по Предлог – Спогодбите.

Според Обвинителниот акт заснован врз прибраните докази во текот на истражната постапка во временскиот период од 2012 година до 2013 година во рамките на Урбанистичката парцела на Основното училиште „Лазо Трповски“, обвинетиот Ј.К. како надзорен орган во правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги „Карапанчевски Компани ДООЕЛ Скопје“, во име и за сметка на правното лице, како надзор, спротивно на одредбите од Законот за градење, без Одобрение за градење, на инвеститорот, вршел надзор на градба деловен простор – административен објект на локалната самоуправа.

Фото: karpos.gov.mk

Со своите дејствија обвинетиот сторил кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од Кривичниот законик. По признавање на вина, обвинетиот се согласи да му биде изречена казна затвор во траење од две години, која нема да се изврши доколку во рок од три години не стори ново кривично дело.

Во текот на 2016 година, обвинетиот Н.Н. како службено лице во Општина Карпош, назначен за Претседател на Комисија за јавна набавка, обвинетиот С.М како службено лице -државен службеник во Општина Карпош назначен за Член на Комисија за јавна набавка и обвинетата А.С. како службено лице – државен службеник во Општина Карпош назначена за Заменик член на Комисија за јавна набавка, со пропуштање на должниот надзор, несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности во постапка за јавна набавка за „Партерно уредување на сквер во Жданец” прибавувајќи корист за Друштво за градежништво, производство, трговија и услуги „С.М.Компани ДОО Свети Николе“ во висина од 2.845.234,оо милиони денари. Со своите дејствија сториле кривично дело Несовесно работење во служба од чл.353-в ст.5 од Кривичниот законик.

Обвинетата Р.Д. како службено лице во Општина Карпош, во 2017 година, постапувајќи по Барање поднесено од физичко лице, пропуштила должен надзор и изготвила и потпишала Решение за утврдување на правен статус на времен објект за деловна намена како да е бесправно изграден објект, со што овозможила физичкото лице незаконски да се стекне со корист – право на сопственост на објект и ексклузивно право на откуп на земјиште под објект сопственост на Република Северна Македонија.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Стевчо Јакимовски, поранешен градоначалник на Општина Карпош и уште две лица од градежни фирми, товарејќи ги за бесправно градење.

казни обвинение ОЈО општина Карпош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.