Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Окупација“ на рекламните паноа и билборди од политичките партии

0
By Нова ТВ on June 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тргна кампањата, тргна промоцијата на платформите на политичките партии преку кои ќе се бараат гласови од граѓаните на изборите на 15 јули, а тргна и промоцијата на кандидатите за пратеници во новиот парламентарен состав. За тоа во најголема мера се користат социјалните мрежи и медиумите, но првиот „натпреварувачки“ ден донесе „окупација“ и на рекламните паноа и билборди на јавните места.

Според Упатството за распределба на рекламни паноа и билборди, 40 проценти од локациите се достапни за партиите на власт, исто толку се наменети и за партиите во опозиција, а по 10 проценти од локациите се достапни за парламентарните партии кои немаат пратеничка група и за вонпарламентарните партии.

Доколку некоја политичка партија, коалиција или независен кандидат не го искористат вкупниот процент на закуп, тогаш останатите политички парти и независни кандидати имаат право на закуп на тие локации.

„Политичката партија или коалиција која нема да го искористи вкупниот процет за закуп на рекламни паноа и болборди или локации е должан да ја извести Државната изборна комисија за тоа. ДИК во дополнителна постапка ќе ги распредели неискористените рекламни паноа и билборди или локации на останатите политички партии или коалиции согласно член 78-а од Изборниот законик“, се вели во Упаството.

На 18 јуни во Државната изборна комисија се спроведе ждрепка за доделување на локациите на рекламните паноа и болборди. Освен овие опции за политичко рекламирање, на партиите во изборниот период на располагање им стои и опцијата за платено политичко рекламирање.

билборди избори кампања политички партии рекламирање Рекламнби паноа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.