Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оптимист: Османи верува во компромис за Законот за Јавно обвинителство

0
By Нова ТВ on September 1, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: europeanwesternbalkans.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за законот за Јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус меѓу сите политички партии. Мислам дека разликите меѓу главните политички партии од македонскиот блок не се ненадминливи, вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој додава дека е потребна сериозна политичка волја и седнување на маса со цел да се надминат тие разлики.

„Сè што е во рамки на црвените линии што и ЕУ ги поставува, меѓутоа и ние како Влада, а тоа е дека треба да има институција која се справува со криминал на високо ниво и дека сите случаи, дали од прислушувањата, дали надвор од прислушувањата, за коишто има индиции, треба да се расветлат во една судска процедура. Сè што е во рамки на овие граници мислам дека има простор за компромис и јас сум оптимист дека ќе се најде компромис за законот за Јавно обвинителство и ќе се донесе со консензус помеѓу сите политички партии“, вели Османи.

Во врска со случајот „Рекет“, вицепремиерот посочува дека тој е лакмус-тест пред големата октомвриска одлука на Советот на ЕУ, за, како што вели, да се испита, на некој начин, дали институциите созреале со реформите што се направени во изминатиот период.

Мојот став е дека оваа кризна ситуација може да ја претвориме во можност, доколку институциите одговорат сериозно и на ефикасен, транспарентен и непристрасен начин и го расветлат целиот случај до крај, независно какви политички импликации може да има. Значи, ќе го повторам ставот дека криминалци и криминал има секаде. Разликата меѓу државите е во тоа дали имате институции коишто знаат да се справат на непристрасен случај, истакнува Османи.

Бујар Османи закон Јавно обвинителство компромис Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.