Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осака до публиката по триумфот на Ју-Ес опен: Извинете што вака заврши

0
By Нова ТВ on September 9, 2018 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 9, 2018 03:13

Во 2014 година ја замоли за заедничко селфи, во 2018 година ја имаше од другата страна на мрежата во мечот на нејзиниот живот. И ја победи и тоа убедливо и на импресивен начин. Наоми Осака е новата шампионска на Ју-Ес опен. Дваесетгодишната јапонска тенисерка во финалето беше подобра од најдобрата – Серена Вилијамс над која славеше со 6:2, 6:4 за прв гренд слем трофеј во кариерата.

„Знам дека сите навивавте за неа. Извинете што вака заврши. Ви благодарам што дојдовте. Мојата мајка направи многу жртви за мене и многу и значи што дојде да ме гледа. Татко ми шета наоколу, тој не ги гледа моите мечеви во живо. Мој сон беше да играм против Серена на Ју-Ес опен и пресречна сум што тоа се оствари“, рече Осака, првата Јапонка на трон на гренслем турнир.

Женското финале на последниот гренслем турнир во сезоната донесе имаше неочекуван тек. Изобилуваше со чудни работи што ги предизвика Серена Вилијамс која влезе во конфликт со главниот судија, го нарече „крадец“ за што доби казна со одземање на гем. Вербалната расправија донесе и прекин на финалето во кое настрада и еден од нејзините рекети.

„Ова е нејзин прв гренслем. Знам дека и вие сте во состојба во која сум и јас. Но, ајде да не протестираме повеќе туку да минеме низ ова. Честитки до Наоми. Благодарност до членовите на мојот тим кои беа фантастични во изминатите две недели, благодарност и до најдобрата публика во светот. Се надевам дека ќе бидам во можност повторно да заиграм овде. Тешко ми е, но сум благодарна на вас“, рече Серена по поразот во финалето и обраќањето кон публиката.

Нејзиното однесување не предизвика никакво нарушување кај Осака која ја задржи смиреноста и фокусот и покрај се што се случуваше на теренот и поен по поен си пробиваше пат до шампионскиот трофеј во Њујорк. Кога ги смири страстите и „олади“ глава, Серена Вилијамс призна дека Јапонката беше подобра тенисерка во финалето и заслужено го направи најголемиот успех во кариерата.

Во машкото финале (недела, 22 ч. по средноевропско време) ќе играат Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин дел Потро.

Ју-Ес опен (ж), финале

Осама (20., Јапонија) – С. Вилијамс (17., САД) 6:2, 6:4

Ју-Ес опен Наоми Осака Серена Вилијамс тенис финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.