Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Обезбедени се 55 респиратори за Инфективната клиника

0
By Нова ТВ on March 26, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обезбедување на 55 респиратори и друг неопходен материјал за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје и помош од меѓународни донатори за поддршка на буџетот. Ова го најави вицепремиерот на Владата за европски прашања, Бујар Османи на денешната прес-конференција, согласно потребите на земјата за справување со пандемијата од коронавирусот.

Како национален координатор за странска помош, истакна тој, минатата недела беше формирана работна група од претставници на институциите како едно централно тело во кое се собираат сите приоритети и потреби на институциите во комуникција со меѓународните донатори. При тоа првично е направена листа од 89 артикли за потребите на Инфективната клиника за проектирана состојба од 2.000 пациенти кои би имале потреба за лекување на Клиниката.

Направени се и три дополнителни листи за пет институции и тоа за Министерството за здравство, за МВР, МО, ЦУК и ДЗС и тоа за потреби за еден месец, за период од еден до три месеци и за период од три до шест месеци. Паралелно е формирано и координативно тело на агенциите на ОН со Делегацијата на ЕУ и претставниците на нашето координативно тело кое на дневна основа ги централизираат потребите на институциите како и можностите на донаторите за обезбедување на потребите на институциите.

„Досега се обезбедени 25 респиратори преку средства на амбасадата на Норвешка и преку Агенцијата на ОН. Тие во моментот се наоѓаат во депо во Турција и се разговара како да се транспортитаат во отежнати зимски услови во земјата за потребите на Инфективната клиника“, рече Османи при што се разгледуваат опции за заеднички транспорт со другите држави од регионот.

Вицепремиерот за европски прашања посочи дека се обезбедени и 30 респиратори од Кина со средстава на Европската Унија, од првите четири милиони евра што ги обезбеди Делегацијата на ЕУ, а ќе се купуваат преку УНДП. Се разговара како да се транспортираат тие во Скопје, рече Османи.

Османи рече дека Кина позитивно одговорила на наше барање за обезбедување на респиратори, но не може да се каже точната количина што ќе се добијат од билатералната соработка бидејќи, вели, во моментов 100 земји бараат исто.

Тој потсети дека еврокомесарот Вархеји информирал за одлуки на ЕУ со кои ќе и помогнат на земјава за борба против коронавирусот во вредност помеѓу 65 и 70 милиони евра (4 милиони евра за набавка на респиратори од Кина, 50 милиони ева кои земјата ги добила како награда за реформите ќе бидат пренасочени за олеснување на социоекономските ефекти од пандемијата, 9 милиони евра за програмата за поддршка на МСП и 3 милиони евра за поддршка на Буџетот.)

Од Вархеји е добиена и потврда дека се разгледува можноста за пристап до Европскиот солидарен фонд за справување со елементрани непогоди и пандемии, за што се очекува конечна потврда од Европскиот совет најдоцна до утре. Фондот може да го користат земјите членки и земјите кои преговараат, а среќна околност е што добивме одлука за почеток на преговори со ЕУ со што добиваме право да имаме пристап до овој фонд.

„По првичниот шок од епидемијата со Ковид-19, Европската Унија почна да ги активира механизмите за заедничко делување и солидарност. Можеби за некого тоа изгледа бавно, но реакцијата на ЕУ е навремена имајќи предвид дека ова се само првични активности за поддршка кои со сигурност ќе се зголемуваат во периодот што претстои како од ЕУ така и во рамки на билатералната соработка со земјите членки“, нагласи Османи.

Бујар Османи буџет ЕУ Инфективна Клиника помош Респиратори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.