Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи со поддршка за истрагата на СЈО: Како министер работев по закон

0
By Нова ТВ on October 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 11, 2018 16:01

Вицепремиерот Бујар Османи денеска изјави дека како министер за здравство секогаш работел согласно законот и во интерес на граѓаните на Република Македонија и дека очекува да се расчистат сите дилеми по однос на некакво негово вклучување во сомнителни злоупотреби во Министерството за здравство.

„Мојот личен став и партискиот став е целосна поддршка на работата на Обвинителството. Неколку години демнеат овие шпекулации во врска со некакви сомнителни злоупотреби во Министерството за здравство. Јас бев еден од тие што инсистирав на истрага, ако ги следите моите јавни настапи отсекогаш сум барал што побрзо да се отвори истрага, бидејќи навистина нема потреба да стои постојано како дамка, евентуално сомнеж за моето работење“, изјави денеска вицепремиерот Османи во Куманово, одговарајќи на новинарски прашања во врска со истрагата на СЈО во нов предмет против повеќе лица, меѓу нив и за него како тогашен министер за здравство.

Османи истакна дека и тој и неговата партија веќе побарале целосна истрага за нивните функционери од 2002 година, па наваму.

Посочи дека му е драго што конечено е отворена оваа истрага чија улога, како што рече, е да ги утврди и фактите. Во контекст на тоа, Османи додаде дека очекува Обвинителството побрзо и што поефикасно да заврши со истрагата.

Тој нагласи дека како министер за здравство донел стотици, илјадници решенија за бројни проекти кои, како што додаде, се уште ги користат граѓаните.

„Јас видов во тоа што можев да прочитам и одреден превид. Понудата е 20 милиони поевтина, а не поскапа отколку второрангираната, меѓутоа, сепак ќе оставам што побрзо СЈО и институциите да ги расчистат овие факти, а јас стојам на располагање во секое време. Жал ми е што претходно не сум бил поканет, пред да биде споменато моето име за да можам да ги кажам фактите, меѓутоа во најголема политичка морална или каква било друга одговорност, можам да потврдам дека апсолутно нема никаква девијација од законите при сите постапки во Министерството за здравство“, рече Османи.

Одговарајќи на новинарски прашања, Османи рече дека изминативе години слушал секакви шпекулации и  додаде дека негова интенција е да се отвори истрагата, оти не отстапувал од законот.

„Не можам да прејудицирам, СЈО има обврска да отвори истрага за секој сомнеж, за секој прислушкуван разговор, мој личен интерес беше што побрзо, бидејќи две, три години слушам секакви шпекулации. Инсистирав што побргу да се отвори истрага и да се констатираат фактите. Јас сум убеден дека фактите можам и во кој било момент да ги приложиме дека апсолутно нема никакво отстапување во ниту една буква од законот во која било постапка во Министерство за здравство“, рече Османи.

Во однос на обезбедната бројка на пратеници кои ќе ги изгласаат уставните измени, Османи рече дека се оптимисти и дека има двотретинско мнозинство во Собранието за уставните  измени.

„Се разбира дека тоа ќе треба да го видиме во понеделник. Меѓутоа, тоа што е важно е дека тоа двотретинско мнозинство нема да биде потребно само при првото гласање, ќе биде потребно и при последното гласање по три месеци. Очекуваме дека ќе има различни видови притисоци, така што тоа го прави комплексен целиот процес на уставни измени, меѓутоа секој сфаќа дека алтернатива на недонесување на одлука сега во Собрание е многу непредвидлива, многу опасна за државата“, изјави Османи.

Тој негираше какви било притисоци до него.

Бујар Османи здравство истрага пациент СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.