Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осмомартовски марш: Да кажеме НЕ на насилството и омразата врз жените

0
By Нова ТВ on March 8, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жени од различни професии денеска по повод 8 Март маршираа од Жена парк до плоштадот Филип Втори порачувајќи да се отфрлат стереотипите и да кажат „НЕ“ на насилството и омразата врз понежниот пол.

– Со овој марш, освен што ги славиме жените, ги повикуваме и нашите татковци, браќа и синови да се солидаризираат со жените во Македонија и заеднички да ги отфрлиме стереотипите и етикетите што не ограничуваат сите и да им кажеме „НЕ“ на насилството и омразата врз жените, порачаа учесничките на маршот.

Кон маршот се приклучија и премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоeв.

Заев им даде поддршка на граѓанските организации и активисти за остварување на целосна родова еднаквост и поголема застапеност на жените во сите општествени сфери, велат од Владата.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска истакна дека само со силни, жени, жени со силни права, права кои ќе ги штити државата ќе можеме економски, социјално па и демографски да одиме напред.

– Како нова Влада, по однос на овие прашања покажавме дека водиме сосема различна политика. Денеска во македонското Собрание имаме околу 45% жени. Токму оваа Влада одлучи повторно да ги стартува родовите студии, затоа што сметаме дека родово освестени граѓани ќе направат силна, подобра држава и за мажите и за жените. Поради тоа Владата одлучи, министерството за образование да ги оцени учебниците и од аспект на родовите права, рече Шекеринска на денешниот марш за правата на жените.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска го истакна присуството на претставници на Владата, премиерот Заев и министрите, како показател дека Владата не само декларативно, туку и на дело се залага, и со вистински чекори вложува во родовата рамноправност во Република Македонија.

-Наместо подароци и прослави, мислам дека денеска секоја жена и секој маж треба длабоко да се запраша што во минатата година направи за родовата еднаквост. И што ќе направи во наредната година за родовата рамноправност. Зашто само така ќе направиме едно општество кое што е инклузивно, рече Царовска.

Маршот го организираше Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.

-Земајќи го предвид родовиот јаз во економската, политичката и социјалната сфера на државата, Маршот за правата на жените ќе испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество, порачуваа од Платформата за родова еднаквост.

8 март Заев марш Платформа за родова еднаквост Царовска Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.