Осомничениот за терористичките напади во Париз Салах Абделслам сака да соработува со француските власти, соопшти неговиот адвокат Седрик Моас.

Притоа тој истакна дека Абделслам е согласен Белгија да и го испорача на Франција. Изјавата на адвокатот е во време кога Обвинителството се подготвува да испрати истражител да го сослуша Абделслам во затворот во Бриж на сослушување за екстрадиција.

Абделслам е во притвор во Бриж од 18. Март, а со истражните органи не разговарал од самоубиствените напади на аеродромот и метрото во Брисел минатата недела.

Тој се поврзува со неколку лица вмешани во овие терористички напади во белгиската престолнина.