Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Осуди за таргетирање и оцрнување на новинарки од страна на Латас и Ивона Талевска

0
By Marija Todorovska on February 27, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 27, 2025 12:52

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) најостро ги осудуваат јавните објави на поранешниот уредник на една национална телевизија, Драган Павловиќ Латас, кој во изминатите денови преку приватна страница на социјалната мрежа Фејсбук таргетира новинари од неколку медиуми, злоупотребувајќи приватни фотографии од нивните профили и користејќи ги во своите објави.

Меѓу таргетираните медиуми се Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), 360 степени, БИРН Македонија, како и други организации кои работат на заштита на човековите права.

Во неговите објави, Латас пласира неосновани обвинувања и теории на заговор, чија цел е дискредитација на новинарите и медиумите што професионално информираат за релевантни општествени прашања. Оваа стратегија на таргетирање и јавно стигматизирање на новинарите, кои добиле признанија на национално и меѓународно ниво за својата работа, во мандатите на различни влади, претставува сериозен напад врз слободата на изразување и независното новинарство во државата, велат ЗНМ и ССНМ.

Посебно загрижувачки е што ваквата реторика не само што поттикнува говор на омраза, туку и доведува до сериозни закани кон новинарите, при што новинарките стануваат посебна мета на сексистички и мизогини напади во коментарите под објавите на Латас, предупердуваат тие.

„Ова се ороспии, нема работа од нив“, „овие не се човек да ги коментира, може човек да ги види и на паркинг плац кај камионџиите“, „Мислам дека за брзо ќе има уништување на документи или подметнати пожари во просторииве на платениве курветини..“, „и тие да изгорат со документите, најдобро ќе биде!“, се само дел од коментарите.

И Женската медиумска мрежа „Еднаква“ најостро ги осуди неоснованите обвинувања на Драган Павловиќ Латас изложени на социјалните мрежи против колешките Сашка Цветковска и Деница Чадиковска со цел да го наруши нивниот интегритет и да ја дискредитира нивната работа.

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ ја осудува и објавата на Ивона Талевска на социјалните мрежи со која ги таргетира Сашка Цветковска и Славица Арсова.

Женската медиумска мрежа „Еднаква“ ги повикува надлежните институции да обезбедат заштита на новинарките од вознемирување и закани, и ја повикува јавноста да ги отфрли дезинформациите. Нападите врз новинарките се сметаат за напад врз службено лице со последните измени на Кривичниот законик.

женска медиумска мрежа ЗНМ Ивона Талевска Латас осуда социјални мрежи ССНМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.