Голем број на деца и сурфери влегоа во морската вода во близина на нуклеарната централа Фукушима, првпат по хаваријата што се случи во 2011 година.

Плажата Китаиѕуми, која е на околу 25 километри северно од нуклеарната централа, се исполни со луѓе откако властите на градот Минасома ја повлекоа забраната. Местото уживаше голема популарност меѓу сурферите пред катастрофата и во него се одржуваа национални и светски првенства.

„Пораснав, гледајќи го морето од тука. Цунамито ми ја однесе куќата. Првпат се враќам овде по девет години“, изјави еден од посетителите.

Во март во 2011 година силен земјотрес со интензитет од девет степени, кој предизвика цунами, го опустоши брегот во префектурата Фукушима и доведе до истекување во нуклеарната централа. Во катастрофата загинаа околу 18.000 луѓе.