Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Откако призна вина во случајот „Рекет“: Милески денеска ја добива пресудата

0
By Нова ТВ on December 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева ќе докажуваат дека не се виновни, а Зоран Милевски Кичеец призна вина и денеска ќе му биде изречена пресуда во судскиот процес „Рекет“. Во Основниот кривичен суд во Скопје вчера се одржа првото рочиште за случајот што започна со доцнење од 45 минути поради здравствени проблеми на првообвинетиот Јовановски.

Се пожали дека повраќал и бил тешко контактибилен на што судијката Николовска-Масевска даде пауза од пола час за медицинска екипа да го прегледа Боки 13 по што даде мислење дека тој може да продолжи да го следи судењето.

Јавниот обвинител Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште за „Рекет“, рече дека жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава.

„Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една специјалната јавна обвинителка што влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13“, изјави Рускоска.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

„Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за Боки 13 да може од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци“, изјави Рускоска.

Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 во Судот рече дека живеел за денот кога ќе може да зборува, зошто е мета на јавен линч пет месеци за монтиран случај наречен „Рекет“.

„Преку овој предмет се водат политички борби кои паѓаат на мои плеќи. Точно е дека сум невработен и со блокирана сметка кога со јавен линч се уништи еден медиум. Притворот ми го уништи здравјето и ги влоши последиците од двете операции правени во болницата на Јордан Камчев. Ќе сведочам за сите инволвирани во овој настан, ќе сведочам за организаторот и сите помагачи, а преку мојот бранител ќе бидат поднесени соодветни пријави“, изјави Боки 13.

За некој да има реално или претпоставено влијание треба да има и реален авторитет, а единствено реално нешто во овој предмет, како што истакна Боки 13, е тоа што синот на Катица Јанева бил вработен во неговиот медиум – 1ТВ.

„Оваа обвинителката има гостувано во мојата телевизија и колку што сум седел во ресторан со третообвинетата, толку сум седел и со надлежната сега обвинителка. Разлика нема“, изјави Боки 13 и ги повика меѓународната јавност и амбасадите на САД и Франција во земјата да го следат овој процес.

Второобвинетата, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на судењето за „Рекет“ рече дека не се чувствува виновна и дека знае оти Јавното обвинителство нема никакви докази против неа.

„Горда сум на СЈО и тимот што го водев четири години. Горда сум на сите предмети што се отворија. За четири години направивме 171 предмет кои сите во различна фаза ги предадовме на Јавното обвинителство и очекувам тие да имаат завршница“, рече Јанева.

Одговорно тврдам, кажа таа, дека како СЈО постапувала согласно закон и се што направила во СЈО ќе биде основа на изучување од следните генерации.

„Јас како СЈО во изминатите четири години се изложив лично, како и моето семејство, на голем ризик и сè уште одам гордо и со крената глава. Очекувам судот да донесе ослободителна пресуда за дело што е инструирано од јавната обвинителка и се надевам дека не се плашите од нејзините закани за „тресење од гаќи“, изјави Јанева.

Судењето продолжува во петок против првообвинетиот Јовановски кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и второобвинетата Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јанева се наоѓа во домашен притвор додека Бојан Јовановски е во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.

Бојан Јовановски Зоран Милески Катица Јанева пресуда Рекет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.